Го имплементиравме Интегрираниот здравствен информатички систем во Посавската област

January 3, 2018 Uncategorized

Го имплементиравме Интегрираниот здравствен информатички систем во Посавската област

Областа Посавска е втора од федерацијата БиХ во која ќе биде имплементиран Интегрираниот здравствен информатички систем кој овозможува на корисниците во Заводот за здравствено осигурување, здравствените домови и аптеките да користат единствен интегриран систем преку кој ќе го извршуваат своето деловно работење и сите процеси во здравството.

Маја Којунџиќ, директорката на Cuspis BiH  изјави:

Среќна сум што Посавската област, од каде и потекнувам, е една од првите која што ќе го модернизира своето работење преку користење на нашето софтверско решение за интегрирано здравство кој е креиран да ги задоволи сите потреби на корисникот. Се гордеам кога гледам дека Посавина, иако мала област, оди напред во чекор со времето и го воведува интегрираниот систем каде сите учесници во здравствениот систем ќе работат на еден единствен програм. Воведувањето на овој програм овозможува да сите здравствени работници да ги пратат на едно место сите резултати од сегашните пребарувања, историјат на земањето на лекови и друго, кое што пак во голема мера го намалува рачното пишување за време на тој процес кој и онака одзема многу време.

Воведувањето на е-Рецепти во голема мера го олеснува процесот на издавање на рецепти на докторите како и на самите пациенти, и нивната реализација. Понатаму и на самите осигуреници ќе им биде полесно да ги превземат своите рецепти, посебно на оние кој се хронично болни. Системот е дизајниран да го олесни издавањето на лековите по рецепти од аптеките бидејќи целиот процес на издавање рецепти е воведен како и фактурирањето према Заводот за здравствено осигурување. Најголемиот бенефит од користење на услугите на вакво модерно и напредно системско решение е секако заводот бидејќи конечно може да ги следи во реално време препишувањето на рецептите и нивната реализација, како и превземањето на електронска сметка после издадените рецепти од аптеките.”

Share: