Хрватска се припрема за идната вакцина против вирусот COVID-19

Хрватска се припрема за идната вакцина против вирусот COVID-19

Оваа и следната недела ќе се одржи он-лајн едукација за старт на употребата за системот за следење на вакцини во Република Хрватска. Секој од 21 регионални центри за јавно здравје ќе имаат своја посебна он-лајн едукација, каде што ќе се работи на случаи кои што се специфични за нив.

Системот за следење на вакцини (eCEZDLIH) и Централниот регистар за имунизација (eCIJEPIH) се визионерски проект од страна на министерството за здравство на Република Хрватска, кој започнаа да делуваат уште во втората половина од 2019 година, уште пред да започне сегашната ситуација со COVID-19.
Идејата е да се воспостави централен систем за следење на вакцините каде што секоја вакцина ќе биде регистрирана со свој сериски број. Во исто време, имунизацијата низ цела Хрватска ќе биде зачувана како податок во централниот регистар за имунизација кој пак ќе биде достапен за сите здравствени работници.
Со новата COVID-19 ситуација, и се надеваме со новата вакцина која се очекува да пристигне, овој систем ќе го покаже сиот свој потенцијал на виделина.

Share: