Фондот за здравствено осигурување на Хрватска го одбра проектот на Cuspis Group за е-Сметка

December 21, 2017 Uncategorized

Фондот за здравствено осигурување на Хрватска го одбра проектот на Cuspis Group за е-Сметка

Хрватскиот фонд за здравствено осигурување го одбра проектот на Cuspis Group за е-Сметка, односно имплементирање на нови функционалности и одржување на истиот.
Со ова се потврдува, уште еднаш, квалитет и стручноста на целиот тим на Cuspis Group.

Винко Којунџич директорот на Cuspis Group изјави:

 

Оваа одлука на Фондот за здравствено осигурување на Хрватска да не одбере како компанија која ќе го води овој проект е резултат на константното наше надоградување во однос на квалитетот и функционалноста, и правецот на надоградување кој се стремиме да биде до совршенство.

Од таа страна, гледаме да инвестираме во образованието на нашите вработени, со релевантни сертификати во областа, и притоа не плашејќи се дека еден ден ќе ја напуштат нашата компанија. Со инвестирањето во нашите вработени добиваме тим кој е во текот со сите сегашни збиднувања во нивната област и кој е спремен да одговори на секакви предизвици.

Врвниот тим, креира врвни и модерни продукти!

Ова е нашиот втор приоритет, а тоа е да бидеме на врвот на моменталните технолошки трендови и константно да имплементираме најмодерна технологија во нашите продукти.”

Share: