Имплементиран е-Заразни болести како дел од софтверот за Херцеговачко-неретванска област

Имплементиран е-Заразни болести како дел од софтверот за Херцеговачко-неретванска област

Со гордост истакнуваме дека вчера успешно беше промовирана првата фаза на дел од софтверот за Херцеговско-неретванска област, е-Заразни болести кој беше итно развиен со цел да овозможи во здравсвените домови да се евидентираат личностите кои во моментов се наоѓаат во самоизолација.
Податоците кои се внесени одма се видливи за надлежните во од хигиенско-епидемиолошките служби и истите податоци можат да се дистрибуираат до останатите институции. Освеен тоа во моментот кога самите податоци од самоизолацијата се внесат, истите се одма видливи во секоја од аптеките доколку истиот пациент дојде во аптека.
Винко Којунџиќ, директорот на  Cuspis Group изјави:


Во соработка со заводот  за здравствено осигурување на Херцеговачко-неретванската  област, успеавме да го развиеме овој модул за мошне краток период од само неколку дена. Ги ангажиравме сите потребни ресурси за да имаме добар резултат и функционалност за многу краток период, и со гордост може да изјавиме дека по нашите сознанија ова е прв софтвер од ваков вид во Босна и Херцеговина, што секако е голем успех.

Share: