Одржана едукација за користење на софтверот eCEZDLIH и eCIJEPIH

03/02/2020 Software, Софтвер

Одржана едукација за користење на софтверот eCEZDLIH и eCIJEPIH

Во текот на последната недела од месец Јануари, одржана е едукација на oпштинскиот завот за јавно здравство (ZJZ) Република Хрватска. Представен е проектот за Организација на централно месо за примање, дистрибуција и следење на количините вакцини во Република Хрватска (eCEZDLIH) и централниот еВакнцина на Република Хрватска (eCIJEPIH).
Новиот софтвер за следење на достапните количини на вакцини, ќе го олесни во целост увидот и реалната состојба на вакцините на општинско ниво, односно ќе биде достапна евиденција и состојба на количини на крајните медицински лица, примањето на вакцините во одредени количини како и испораката на вакцини на медицинските лица кои го вршат вакцинирањето.

Новитет во проектот е и еКартон за вакцинација, кој ќе послужи како место каде што ќе се израмнат сите записници од вакцинирањето и сите тие податоци ќе бидат достапни за пациентите како увид за статусот на вакцинирањето. Во самите податоци за вакцинирањето, докторите ќе имаат информација за реакцијата од самите вакцини, дали пациентот имал некаква болест за време на вакцинирањето, податоци за алергии, реакција од самиот лек, предходни реакции од други вакцинирања и друго.

Ваквиот начин на работа ќе го смали обемот на директно пополнување на документи кај примањето и испорачувањето на вакцините како и самата евиденција во реално време на сите достапни количини на вакцини, додека и е-Картонот за вакцинирање ќе овозможи информации за сите примени вакцини по пациент.

Share: