Апликација за студентски центар – поголема заштеда и подобра организација на работењето

Апликација за студентски центар – поголема заштеда и подобра организација на работењето

СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР МОСТАР:
– Апликација за евидентирање на сместување, фитнес и кујна

Сместување: Aпликација за студентски центри овозможува евиденција за сместувањето на студентите по студентски домови и павиљони. Со основните податоци во студентските центри за секој студент поединечно, имаме можност за секој посебно да водиме евиденција по школска година и кога и каде е сместен, и тој внес секогаш е запишан на електронската картичка која ја поседува студентот. Студентите може да се филтрираат односно нивните податоци и тоа по сместување (павиљони) соби и лежаи и за истите во секој момент може да се ажурираат податоциете  за сместувањето. Исто така се води евиденција колку празни лежаи има, колку слободни соби и распоред на студентите заедно со евидентирана уплата.

Фитнес: Модулот за фитнес овозможува евиденција за посетата на студентите на фитнес центарот. Преку администрација на студентите се овозможува внес и ажурирање на податоците кои што се пријавени на фитнес програмата. Модулот за благајна води евиденција за уплата на фитнес услугите од страна на студентите која се врзува со посетата на секој поединечно на фитнес центарот. Апликацијата исто така има преглед на искористените капацитети на центрите во реално време преку извештаите за посета.

Кујна: Модулот за кујна ни овозможува евиденција за оброкот на студентите. Апликацијата разлукува 3 врсти на оброк: доручек, ручек и вечера која може да се подигне во време кое одговара за секој оброк поединечно. За време траењето на оброкот, студентот се евидентира со скенирање на електронската картичка на која има име и презиме. Во реално време се гледа колку студенти го искористиле правото на оброк во тој момент. По пат на извештај можат да се видат и бројот на преостанати оброци, збирно и поединечно за секој студент. Уплатите за оброците се евидентираат со помош на функционална благајна.

Апликација за студенстки сервис: Апликацијата за студенски сервис овозможува евиденција за работните налози и договори за студентите кои се вработени преку студентските сервиси кај различни работодавци. Преку налозите е поврзана евиденцијата за сметките кои студентите ги приложуваат до работодавците. Возможен е и прегледот на налозите и сметките кои се сепарираат посебно по студент, период, налог само по провизија на ддв или пак по фактури поврзани за тој налог.

Скратена верзија за друштвени мрежи: Студентскиот центар Мостар ја користи нашата апликација со која врши евиденција за студентите, нивното сместување и студентските мензи. Така апликацијата се користи за плаќање на работата на студентите што работат повремено преку налози и договори со работодавците.
Оваа врста евиденција овозможува на студентскиот центар за подобар преглед и пратење на сите податоци, смалување на гужвите во мензите и на благајните така и во конечните заштеди и секако подобра организација на целокупната работа на домовите.

Share: