Успешна имплементација на е-Рецепт во Зеничко-добојската област

June 6, 2018 Uncategorized

Успешна имплементација на е-Рецепт во Зеничко-добојската област

Денес во Заводот за здравствено осигурување на Зеничко-добојската област потпишан е записник за успешниот завршеток на имплементацијата на софтверот за е-Рецепт.

Мирзета Субашиќ, директорката на заводот изјави:

Овој софтвер е набавен по пат на јавен тендер за кој се јавија точно шест понудувачи. Ваквиот интерес на потенцијалните понудувачи за овој проект е показател за тоа дека заводот транспарентно го водеше сиот овој процес за набавка на софтверот, освен што донесе голем број на понуди, дојде и до заштеда на средства.
Имено, проценетата вредност за набавка без ДДВ беше 350,000 КМ, а најниската понуда која ја прифативме беше 87,000 КМ, без ДДВ. Но најважното од се беше тоа дека имплементацијата на овој проект се изведе без големи проблеми и така од оваа гледна точка, денес, можеме да кажеме дека имаме најмодерен софтвер за е-Рецепт во целата Федерација.”

Винко Којунџиќ директорот на Cuspis Group изјави:

Можам да кажам дека сме горди што учествувавме на овој конкурс каде пред се очигледно е дека се бараше од понудувачите да излезат со квалитет а воедно и со добра цена, и не е чудно што токму нашиот софтвер беше одбран бидејќи станува збор за еден од функционално понапредните софтвери за е-Рецепт во целиот регион. Како во секој проект, а во овој случај најголем предизвик беше неадекватната конеција на интернет врската на одредени локации во здравствените домови која што ја успоруваа целата имплементација на проектот. “

Share: