јуни 7, 2019 Healthcare, Здравство

Потпишан нов договор за со ординацијата за физикална медицина и рехабилитација “Долорес”

Потпишан е договор за користење на нашиот софтвер за Специјалистичко консултативна здравсвена заштита со нашиот клиент, ординацијата за физикална медицина и рехабилитација “Долорес”.

Во контакт стапивме со директорката Др.Билјана Поповиќ која не исконтактира по препорака од досегашни наши клиенти, и така започна оваа наша прекрасна соработка, која веруваме ќе ја одржиме на подолги стази.

Во софтверот се направени дополнителни измени кои се прилагодени за употреба со која се додава вредност на овој софтвер кој ќе биде во потполна функционалност со потребите на ординацијата.

Токму тоа директорката на ординацијата “Долорес”, Др.Билјана Поповиќ го истакна како главен адут зошто ги не одбра нас како партнер.

“Достапноста на тимот на Cuspis Group, прилагодувањето на софтверот во однос на нашите потреби и препораките од колеги кој се ваши досегашни клиенти не натера нас без двоумење да ве одбереме како партнер за идна соработка, која ако се цени од почетокот, верувам ќе биде уште поуспешна и во иднина.”

Со Др.Билјана Поповиќ е договорено, целосно дигитализирање на нивното функционирање во ординацијата со нови софтверски решенија кои ќе ги сработиме во иднина.

Share: