Зеничко-добојскиот регион наскоро воведува напредно софтверско решение за е-Рецепт

January 25, 2018 Uncategorized

Зеничко-добојскиот регион наскоро воведува напредно софтверско решение за е-Рецепт

Зеничко-добојскиот регион наскоро ќе воведе најмодерен софтвер за е-Рецепт во Федерацијата БиХ. Со тоа, докторите ќе можат да препишуваат рецепти по електронски пат, а тоа ќе овозможи истите да бидат видливи од сите аптеки во системот односно бенефитот го имаат секако и пациентите кој што ќе можат својот рецепт веднаш да го подигнат. Напредните алгоритми за време на препишувањето на рецептите им овозможуваат на докторите полесна евиденција и повеќе информации а со ова пациентите го имаат најголемиот бенефит.

Овој договор го позиционира Cuspis BiH како лидер на пазарот во сегментот на интегриран софтвер за е-Рецепт.

Amina Maric, проект менаџерот на Cuspis BiH ни изјави:

Се чувствувам гордо бидејќи имав можност да го водам овој проект во името на Cuspis BiH. Пријатно сум изненадена од големата професионалност на колегите од Заводот за здравствено осигурување од Зеничко-добојската област. Фактот дека во проектниот тим ги назначија своите најдобри менаџери, говори за сериозниот пристап кон овој наш заеднички проект. Околу временската рамка, мислам дека е зададена доста амбициозно, но, со напорна работа и пристап ќе се заврши во предвидениот рок. На крај, мора да истакнам дека сум премногу задоволна поради тоа што во Зеничко-добојскиот регион ќе заживее проектот е-Рецепт.”

Share: